Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе се сретне со Емануел Макрон по последните забелешки на францускиот претседател за „состојбата“ на Алијансата.

Разговорите би требало да се одржат пред самитот на НАТО на почетокот на декември во Лондон, а повод е изјавата на Макрон дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, што предизвика критики од Германија и другите земји во организацијата.

Столтенберг вчера рече дека најдобриот начин за решавање на разликите е „да седнеме заедно и да разговараме за целосно разбирање на пораката и причините што стојат зад неа“.

Столтенберг пред денешната средба министрите за одбрана на НАТО за новинарите изјави дека „НАТО се прилагодува, НАТО е флексибилна организација, НАТО е одговорна организација“.

Средбата меѓу Столтенберг и Макрон ќе биде следната недела, но не се објавува датумот.

SHARE