Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки порача дека за влезот на Македонија во Алијансата одлучуваат таа и 29. сојузници, а не Русија.
„Целата идеја дека Русија нема да прифатиодредени земји да станат членки на НАТО е идеја на сфери на влијанија, каде што големите сили ги контролираат помалите држави, а тоа е во контрадикција со сè за што се залага НАТО“, изјави тој.
„Прво, мислам дека е важно правото на секоја нација да реши за сопствениот пат и за безбедносните договори, што е фундаментален принцип на НАТО. И Русија се заложи за овој принцип во повеќе договори, како што е Хелсинишки договор од 1974 година, и во други документи. На Скопје е да одлучи за сопствениот пат и за тоа дали сака да се приклучи кон НАТО. Македонија и 29. сојузници на НАТО одлучуваат за тоа и никој друг нема збор во овој процес“, одговори Столтенберг на прашањето од Македонска информативна агенција (МИА) на прес-конференцијата во Брисел.