Стопанската комора не коментира партиски мерки

Стопанската комора дава коментар само на официјалните владини мерки и не ги коментира предложените мерки од политичките партии, изјави денеска во видеобраќањето до јавноста и компаниите Зоран Јовановски, главниот советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

Тој на владата ѝ порача дека мерките што ќе ги донесе да стапат во сила веднаш , а не со одложено дејство, пренесува „Плусинфо“.

SHARE