Стотици македонски пациенти вечерва ќе се борат за воздух

Повеќе македонски граѓани кои ја имаат дијагнозата ХОББ или хронична опструктивна белодробна болест денеска реагираат со апел здравствените власти и министерот Филипче да не ги остава без терапијата без која неможат да дишат.

Поради проблем со системот за препишување на рецепти тие денеска не можеле да ги подигнат рецептите и да ги земат лековите без кои дел од нив буквално не можат да дишат и се соочуваат со катастрофални последици.

“Се плашам дека нема да успеам да ја минам ноќта без лековите кои не можам да ги подигнам од аптека заради административен компјутерски приблем а кои не можам да ги платам приватни затоа што се многу скапи а немам земено плата за Април”, вели жителка на Скопје уплашена за својот живот.

Луѓето со оваа дијагноза најчесто користат спреј Фостер, спреј Спирива и апчиња Аминофилин кои сега им се недостапни. Цените на овие и други слични лекови се исклучително високи ако се купуваат без рецепт.

Меѓу луѓето со оваа дијагноза има и деца.

ХОББ дијагнозата е опфатена со мерките на Владата и болните не одат на работа затоа што е најризична за ковид 19.

Годишно во Македонија се регистрираат по околу 2700 пациенти со ХОББ а вкупно во земјава има околу 100 луѓе со вакви проблеми.

За состојбата со ХОББ анализа на Нова Македонија

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D1%83-100-000-%D0%BB%D1%83%D1%93%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D1%85%D0%BE%D0%B1%D0%B1/

SHARE