Стотина вработени во СЈО ќе тужат зашто не зеле декемвриска плата

Стотина вработени кои останаа во СЈО алармираат дека не може да ја добијат декемвриската плата и немаат здравствено осигурување, а најавуваат и дека ќе поднесат тужби и кривични пријави.

СЈО остана без единствениот овластен потписник откако беше уапсена екс-шефицата Катица Јанева.

Вработените успеале да ги земат октомвриската и ноемвриската плата со присилно извршување преку УЈП, но не и декемвриската.

Причина – парите за СЈО, со донесувањето на буџетот за 2020, се пренаменети на Државната изборна комисија за предвремените парламенатарни избори.

Вработените ќе тужат бидејќи сметаат дека ваквата „пренамена на буџетските средства за СЈО“ е незаконска.

SHARE