Страшевски за „ТНТ“: Надвладеа разумот

По завршување на денешното рочиште на случајот ТНТ, адвокатот Јовица Страшевски, оцени дека надвладеал разумот и победила правдата.

„Се докажа дека сето тоа што Кривичниот суд го пишуваше против нас, не е точно, туку се потврди по втор пат заради разумно размислување од поротничката дека и е истечен мандатот.

Го поздравувам нејзиниот гест и победи правдата во Македонија“, рече Страшевски, адвокат на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

SHARE