Стравот го претвори македонскиот во „мајчин“ јазик (ФОТО)

Агенцијата за иселеништво ја информира јавноста за летна школа за македонски јазик, но во поканата го нема зборот македонски.

„Задоволство ни е да Ве поканиме да присуствувате на отворањето на Летната школа за изучување на мајчин јазик во организација на Агенцијата за иселеништво. Настанот ќе се одржи на 26 јули 2018 со почеток од 16 часот во Конгресен центар – Охрид“, пишува во поканата.

Откако премиерот Зоран Заев на интервју зборот Македонија го прекина на пола од страв да не се налутат Грците, и кај администрацијата се јави страв од употреба на „зборот на М“, па така македонски стана мајчин јазик.

 

SHARE

Оставете коментар