Стравот од бегство го врати Илиќ в затвор

Јавното обвинителство во Куманово побарало осудениот за смртта на малиот Алмир, Бобан Илиќ да биде задржан во притвор се до правосилноста на пресудата од шест години затвор, пренесува порталот Правосудство.

Јавен обвинител до Основниот суд во Куманово доставил предлог за определување мерка притвор за обвинетиот Бобан Илиќ, кој со првостепената пресуда, за сторено кривичното дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, беше осуден на затворска казна.

Барањето притвор, според Обвинителот е заради обезбедување на присуство на осудениот.
Кривичниот совет на Основниот суд во Куманово го прифатил предлогот и определил мерка притвор.

SHARE