Стравот предизвика набавка на лекови од Косово и панична потрага по „Фавира“

Зголемените бројки на заразени и починати од Ковид-19 предизвува страв и паника кај граѓаните а голем дел од тие што не веруваат во мерките на министерот Филипче и протоколите на министерството за здравство се обидуваат на своја рака да се лечат или да набават лекови со кои се борат со тешката болест.

Освен обидите за набавка на лекови од Косово (претежно лекот ремдисивир кој таму е лесно достапен), во паниката пациентите, според дел од фармацевтите во земјава, тргнале во панична потрага по лекот фавира.

Овој таканаречен антивирален лек е патентиран во Јапонија а е познат и по имињата Авиган, Авифавир, Арепавир, Фавирапира и T-705.

Лекот се издава исклучиво со лекарски рецепт а во моментов според информации од фармацевти го има во аптеката на една од најголемите приватни болници во Скопје каде пакетче од 40 таблети чини околу 80 евра. Цената на лекот е утврдена од државата преку Фондот за здравство.

Пациенти кои се обиделе да го купат без рецепт од аптеката на приватната болница биле одбиени од вработените кои им побарале лекарска потврда дека навистина треба да го користат.

SHARE