Струјата во Битола не смее да поскапи!

Гбриела Илиевска и Иван Чулаковски, советници во општина Битола од Независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, ќе побараат општинскиот совет да испрати барање до Владата за субвенција на струјата на битолчани и да ја замрзне цената на струјата, поренмесува 360 степени.

„Битола како најголема жртва во Македонија од производството на електрична енергија не смее и нема да има поскапа цена за електрична енергија. Напротив, Битола мора да има субвенционирана струја поради последиците кои ги трпи од РЕК – Битола. Поради превенција од коронавирусот, мислиме дека не е време да повикуваме на протести и масовни собирања и затоа уште еднаш ќе побараме по институционален пат.

1.Советот да донесе заклучок со кој бара од Владата на Република Македонија на првата следна седница да донесе одлука за субвенционирана струја за граѓаните на Општина Битола.

2.Советот да донесе заклучок со кој бара Владата на Република Македонија да донесе одлука со која се замрзнува цената на електричната енергија и останува иста како на ден 30.07.2020г. заради настанатата состојба со пандемијата со ковид-19 и економската криза во која се наоѓаат граѓаните“, велат од Поинаку.

SHARE