Студен туш од Вархељи за Заев, Османи, Спасовски и Димитров

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи од Подгорица каде што се наоѓа на западнобалканската турнеја најавува дека Македонија не треба да се надева на датум за преговори во март.

Иако водството на СДСМ очекува датум пред изборите а вицепремиерот Османи ја обвини ЕУ дека недавање датум пред избори ќе значи мешање во изборните резултати односно поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Верхели вели дека самитот во Загреб во мај а не тој во март е клучниот момент кога може да се направи исчекор.

“Со оваа Европска комисија проширувањето со Западниот Балкан е назад меѓу приоритетите. Новата методологија е еден елемент од работата но ЕУ самитот за Западен Балкан во Загреб во мај за кој подготвуваме економски план исто така ќе биде клучот”, напиша Еврокомесарот за проширување и ја урна надежта дека СДСМ и ДУИ во март ќе можат да се пофалат со датумот за кој пред 18 месеци излажаа дека веќе е добиен.

SHARE