Студентите од северна Грција протестираа против Преспански договор

Илјадници студенти од Серес, Кукуш, Кајлари (Птолемаида) и од други градови во северна Грција денеска излегоа на протест против Преспански договор за преименување на соседот во Северна Македонија.

„Грчки деца излегоа на улиците за да покажат дека имаат зацврстена национална свест и да пренесат порака како да се бориме за идеалите и за вредностите на хеленизмот“, известуваат грчките медиуми.

Студентите носеа грчки знамиња и транспаренти со пораката дека Македонија е грчка.