Субвенција од 710.000 евра за 12 печатени медиуми

На 12 медиуми им се распределени околу 710.000 евра од владината Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година, одлучено е на вчерашната седница, објави МЕТА.

Субвенциите се додени за печатени медиуми на македонски јазик во висина од 50 отсто за направените трошоци за печатење и во висина од 50 % за направените трошоци за дистрибуција.

Кај печатените медиуми на јазиците на етничките заедници, субвенциите се во висина од не помалку од 50 отсто, но не повеќе од 70 отсто за направените трошоци за печатење и дистрибуција.

SHARE