Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот што се води од 2013 година.

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор Ангел Кирилов Радонов, државјанин на Република Бугарија, на 10 октомври 2013 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку адвокатот Тони Менкиноски поднесе апликација против Бугарија за повреда на правото на здружување, бидејќи Бугарија одби да го регистрира здружението од причина што според неговата дејност треба да ги негува и афирмира македонските етнички обележја и традиции различни од бугарските.

“Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ е здружение кое во својот статут ги афирмира правата на Македонците како посебна етничка група во Бугарија.

Сега, Бугарија е задолжена во согласност со оваа пресуда да го регистрира “Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ и да им исплати штета од 7.500,00 евра во рок од 3 месеци. (Курир)

SHARE