Судијата Панчевски со емотивен апел за обединување против “злото што владее со Македонија”

Судијата Владимир Панчевски повикува на обединување на сите противници на владеачката коалиција со цел да се создадат услови за враќање на достоинството и името Македонија.

“На Македонија сега и веднаш и треба обединување онакво големо СЕМАКЕДОНСКО да ГРМИ, да ТРЕШТИ, од душата да ти се ослободи грутката и солзи да потечат од радост, да си ја вратиме државата да си го вратиме достоинството!

Ги повикувам сите!

– Македонски патриотски здруженија,
– Бојкотирачи,
– Лидери на политички партии (освен предавничката коалиција на власт),
– Сите поединци и граѓани кои се против злото што владее со Македонија и кое не предаде за векови,
– Водачи на движења и организации

Фрлете ги своите суети обединете се, веднаш да оформиме обединувачка изборна платформа и коалиција за убедлива победа на Македонија и македонците да му покажеме на светот дека Македонците се суверени на оваа територија и дека оваа МАКЕДОНСКА ДРЖАВА постоела и ќе постои како таква и нема да биде територија за поткусурување!

Македонци, сите наброени подадете си рака и не се препукувајте меѓу себе, сите во душата истото го сакаме нека историското ВМРО оживее како феникс во пламен!

Преспанскиот договор и Северна се и ќе бидат мртви не зошто некој ќе дојде и ќе ги смени туку зошто народот го сака тоа и никогаш нема да го прифати предавството. Сите ги слушам се тепаат кој ќе го врати името, а сите сме свесни дека тоа е процес дали траел 10 дена или една година не е важно сите сме единствени во тоа што го сакаме, чувствуваме и не боли.

До сега мислам дека сите сфативме дека за да се оствари ова треба да си многу силен како власт, а нас сите преголемата болка и желба за историското име не прави разединети.

Тоа што на сите ни е во срцето не разединува и отуѓува, да се здружиме МАКЕДОНИЈА ДА ГРМИ!

Верувам во силата на Македонија и македонците! А после победата на 12 април 2020 година да ги засукаме ракавите и да одработиме за достоинствен живот”, пишува Панчевски во својот проглас.

SHARE