Судир меѓу Собранието и владата за членот 353 од Кривичниот законик?

Собранието е владата во судир за амнестија за бомбите.

За разлика од собраниски извори кои најавуваат промена на членот со кој ќе се спасат од прогон неколку пратеници кои гласаа за уставни промени владата негира.

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски ги демантираше информациите дека ќе се направат измени во Кривичниот закон.

„Владата не предлага никакви измени на член 353 од Кривичниот закон и не се очекува каква било промена на тој член во рамки на процесот во Собранието“, напиша Бошњаковски на својот Твитер налог.

Членот 353 од Кривичниот законик се однесува на злоупотреба на службената положба и овластувања.

Според собраниски извори, измените во КЗ се носат во контекст на престојното гласање за предлог-амандманите на Уставот, откако премиерот Зоран Заев објави дека недостигаат уште четири гласа за двотретинско мнозинство. Проценките во парламентот се дека се проблематчни гласовите на независните пратеници Елизабета Канчевска – Милеска, Емилија Александрова, Нола Исмаилоска, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ, кои не се поврзани со 27 април. Затоа, пак, овие пратеници, директно или индиректно, се поврзани со случаи што произлегоа од „бомбите“.

Премиерот вчера призна дека му фалат уште 4 гласа за уатавните измени.

SHARE

Оставете Коментар