Судир меѓу спинерите на Ципрас и Коѕиас, странците забележуваат

Сериозни забелешки има Пи Ар тимот на грчкиот премиер Ципрас на начинот на кој што ја води пропагандната војна за името медиумскиот тим на министерот Коѕиас, брифираат извори во Атина кои добро ги познаваат приликите во грчката влада и медиумскиот простор во оваа земја.

Во последните 7 дена двата тима за пропаганда на премиерот Ципрас и министерот Коѕиас преку своите новинари во јавноста упатија низа информации за текот на преговорите за името и со тоа според набљудувачите го прекршиле договорот за „целосна тајност“ со што предизвикале штета на преговорите.

Голем дел од информациите на новинарите под контрола на МННР беа контрадикторни и различни од тие што ги пласирала грчката влада преку своите канали.

Кабинетот на Ципрас добил барања за објаснување од страна на дипломати од “пријателски земји” кои реагирале на вадење на “нечист веш од преговорите” пред грчки и македонски медиуми по што било интервенирано кај Коѕиас веднаш да ја запре комуникацијата со „своите“ медиуми.

Од друга страна тимот на Коѕиас бил вознемирен затоа што и по барањето од луѓето на премиерот кабинетот на Ципрас продолжил со својот Пи Ар со цел подигнување на рејтингот на шефот на грчката влада.

Грчките извори тврдат дека главен во мрежата медиуми преку кој премиерот Ципрас е еден долгогодишен влијателен грчки новинар кој пишува за еден од најсериозните дневни весници а Коѕиас се потпира на „новокомпониран“ новинар кој во врвот на грчката новинарска елита влегува по доаѓање на власта на СИРИЗА по што ги проширува своите медиумски проекти во Албанија и Македонија.

Двајцата новинари во последниве дваесетина дена објавија низа информации за текот на преговорите, голем дел од нив со различен агол и ниво на доверливост, во зависност од тоа која грчка институција ги нарачала информациите.

За овој проблем предходните денови имало средба во Атина на која што начелно е договорено да се смири топката во пресрет на финалното решение и потребата од дополнителна координација доколку Грција мора да се соочи со антиципираниот „План Б во спорот за името.

За неколку часа expres.mk ќе го објави планот Б според очекувањата на Атина.