„Ова е неверојатна работа, од новинарите слушнав дека книгата по наредба на судот е забранета за продажба. Ова прв пат се случува кај нас, апсурдно е. Кај нас се продаваат секакви книги, а мојата ја забрануваат. Не знам што друго да кажам освен дека е голем преседан и бесмислица, изјави поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов за „Фокус“ по решението на Основен суд 2.

Андов во книгата „До атентатот и по него“ имплицира вмешаност на Љубомир Фрчковски во атентатот на Глигоров, а Фрчковски му поднесе тужба за клевета и навреда, пишува Фокус.

Адвокатот кој го застапува Фрчкоски, Ирена Фрчкоска, во изјава за Либертас потврди дека судот донел вакво решение, и изрекол забрана за понатамошна продажба и располагање со спорната книга на Андов, по поднесена тужба за содржани клевети кон тужителот, како и предлог за времена мерка“.

SHARE

Оставете коментар