Судот со скандалозно испитување на Трајко Вељановски

Испитувањето на судот е СКАНДАЛОЗНО и целосна злоупотреба на можноста, по испитување на сведокот од страна на одбраната и обвинителството, судот да постави прашања, смета адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска од адвокатската канцеларија „Станковиќ и Јошевска“.

Според неа новиот закон за кривична постапка го напуштило начелото на материјална вистина и судот сега треба да има речиси пасивна улога при изведувањето на доказите а можноста да се поставуваат прашања од страна на судот треба да се сфати како исклучок, заради евентуално појаснување, отстранување забуна или сл.

Во случајот со испитувањето на ексспикерот на Собранието Трајко Вељановски од страна на судијката Добрила Кацарска судот си зел за право директно да го испитува сведокот, вкрстено да го испитува сведокот, да прифати определени факти како докажани, да дава коментари и да донесува заклучоци, сето без никој да му пречи, приговара или одлучува за дозволеноста на ваквите прашања.

“Бидејќи кога тоа го прави одбраната, приговара обвинителот и обратно, а судот одлучува.
Кога судот поставува какви сака прашања, кој да одлучи”, прашува адвокатката според која судот треба да одлучи врз основа на тоа што успеал обвинителот да докаже, а никако не смее самиот да биде обвинител.

“Зошто ако биде судијата обвинител, кој ќе биде тогаш судија??? Кој ќе биде НЕПРИСТРАСНИОТ во постапката???

Читајте ги прашањата со ладна глава ако можете, па одговорете:

Дали не е загрозена пристрасноста на судот кога на недовршена доказна постапка тој го поставува ова прашање:

“Единствено за што се грижевте вие на 27 април лани беше некој да не седне на вашето место?“, заклучува Јошевска Анастастовска во врска со скандалозното испрашување на Вељановски од страна на судијката Кацарска.

SHARE