Супер група за Македонија за ЕП 2020 во ракомет

Чешка, домаќинот Австрија и Украина ќе ѝ бидат противници на машката ракометна репрезентација на Македонија во групата Б во Виена на Европското првенство од 9 до 26 јануари 2020 година.

Ексјугословенската група А во Грац со Хрватска, Црна Гора и Србија ја „разби“ Белорусија, а во групата Ц во Трондхајм ќе играат Шпанија, Германија, Летонија и Холандија.

Денешната ждрепка во Виена во групата Д исто така во Трондхајм ги смести Франција, домаќинот Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.

Во групата Е во Малме паднаа Данска, Унгарија, Исланд и Русија, а групата Ф во Гетеборг ја сочинуваат домаќинот Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.

Двете првопласирани селекции од секоја од шесте групи ќе продолжат во втората фаза, во која ќе бидат формирани две групи по шест репрезентации.

Полуфиналето и финалето ќе се одиграат во Стокхолм.

SHARE