Командирот на ПС Гази Баба кој принудувал полицајка на која ѝ бил надреден на „пижама парти“ е суспендиран.

С.В. сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката, информираа од МВР..

„Дојди кај мене во канцеларија да ти кажам нешто“ – со оваа порака командирот Сашо Велковски ја започнал својата „авантура“ со колешка која се противела на интимнocт со него.  

Тој ѝ се заканувал доколку прозбори за тоа.

Командирот е суспендиран, а случајот предаден на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.

SHARE