Сватови добиле труење од свадбена торта во струшко

Десетина гости синоќа побарале лекарска помош откако добиле труење од торта на свадба во еден ресторан во струшко.

Од болницата во Струга велат дека биле примени 10 пациенти, иако според извори на Алсат таа бројка била поголема. Според директорот на болницата Мухамет Асани, пациентите по прегледот биле пуштени на домашно лекување, пренесе Алсат М..

SHARE