Сведоци тврдат дека “Нинџа” лаже, каде бил Чавков на 27 април

Сведоците на одбраната во врска со ексминистерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска ги демантираа изјавите на обвинетиот Александар Василевски Нинџа кој минатата недела објаснуваше како наводно функционирал системот на 27 април.

Тогаш Нинџа рече дека Чавков заедно со други членови на партијата бил на 8ми спрат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ а денеска сведоци на одбраната изјавија дека Чавков бил на сосема друга локација.

Според сведоците Чавков бил во простории на МВР во зградата на Технометал Вардар (канцеларии на Бирото за јавна безбедност) во центарот на Скопје од каде што ја следел ситуацијата и издавал наредби.

Доколку се утврди дека Чавков не бил во зградата на ВМРО-ДПМНЕ на критичниот ден тогаш во вода дефинитивно ќе паднат сите наводи на Нинџа кој како обвинет кој се соочува со долгогодишна робија без никаков опиплив доказ обвини редица луѓе за низа прекршување на законот.

SHARE

1 Коментар

Comments are closed.