Одложено е судењето за „Титаник 3“, каде се обвинети функционерите на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, а причина е што еден од главните сведоци го извести судот дека – подолг период нема да може да допатуува од Германија во Македонија.

Сведокот Ресмија Блислимова од Германија, со лекарска документација, извести дека дека во следната половина година нема да може да дојде и да сведочи во земјава за изборните измами кои Алими и Гури ги направиле на локалните избори во 2013 во Чаир.

Бислимова беше клучниот сведок на СЈО кој требаше да сведочи и да каже за начинот на кој се одвивале малверзациите во Чаир. Таа пред СЈО, уште во периодот кога „Титаник 3“ беше во истрага, се пожали дека стравува по својата безбедност и безбедноста на своите најблиски, посочувајќи ја моќта која ја имаат Алими и Гури. Во текот на судењето на „Титаник 3“ таа се омажи во Германија и стана недостапна да каже што знае за случајот.

Судот очекува дека Бислимова преку видео врска ќе сведочи на 19 февруари, термин до кога Кривичен се надева дека ќе биде воспоставена комуникацијата на државно ниво помеѓу земјава и Германија.