Свет

Американската окупација на Гренланд би била екстремно комплицирана за САД, НАТО, ЕУ, Данска и светот

Американците лесно би го анектирале Гренланд но што потоа?

Американската окупација на Гренланд би била комплицирана за САД, ЕУ и светот смета Даниел Корски, британско-дански претприемач, тинк-танкер, поранешен дипломат, филантроп и автор.

 

Корски вели работата со Гренланд – оставајќи настрана дека Гренландѓаните не сакаат да бидат Американци – е дека секако САД би можеле да го преземат островот со мал број војници. Не е како Данска да може воено да ги запре САД.

 

Но, што потоа, прашува Корски.

 

,,Дали САД тогаш ќе наметнат гувернер во стилот на генералот Мекартур? Или би ѝ дозволиле на владата на Гренланд да продолжи, но со ограничување на нејзината власт? Што ако одбие?

 

Кога данскиот крал ќе отпатува таму за да се залага за Гренландците – дали САД би го уапсиле?

 

Што се случува кога Данска ќе го повика Член 5 и тоа ќе доведе до ефикасно прекинување на НАТО? Дали дури и Конгресот на САД предводен од Република е согласен со тоа?

 

Што се случува првиот пат кога судот во Гренланд ќе пресуди против директива на САД – дали САД го игнорираат судот, го распуштаат или апсат судии?

 

Ако Гренланѓаните организираат мирен отпор или граѓанска непослушност, дали се тоа демонстранти или бунтовници?

 

Работниот систем на Гренланѓаните  и целото општество се вплеткани во данскиот – дали САД ќе сакаат судовите во Гренланд да се жалат на американските судови, а не на данските судови, како што е случајот денес? Дали САД ќе испратат високи полицајци, судии, лекари итн. во Гренланд?

 

Како САД го оправдуваат владеењето со 2,5 милиони км² територија без претставништво?

 

Што се случува кога американските судови ќе бидат прашани дали жителите на Гренланд имаат уставни права?

 

Кој ги осигурува американските компании што работат во Гренланд под окупација?

 

Што се случува кога ќе следат санкции, трговска одмазда и правни барања од земјите на ЕУ, а САД и Европа ќе влезат во целосна трговска војна?

 

Конечно, што ќе го спречи следниот претседател на САД, кој не е член на MAGA, да поништи потег кој дефинитивно изгледа како да нема никаква форма на двопартиски консензус?

 

Преземени се големи и поскапи колонијални проекти и секако САД би можеле да решат многу од административните проблеми. Но, тоа не е едноставно. Да се ​​биде во можност да се направи нешто, не значи дека е мудро да се стори тоа. Особено кога САД веќе можат да добијат сè што сакаат, а аргументите за преземање се само експанзионистички”, анализира Корски.

 

Корски завршил на Лондонската Економска школа и Кембриџ, беше заменик-шеф на Одделот за политика во британската влада под премиерот Дејвид Камерон и еден од водечките гласови во Велика Британија во технологијата.

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top