Свет

Бројот на случаи на ебола во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи

Катастрофа во африканската држава

Бројот потврдени случаи на ебола во Демократската Република Конго достигна 956, вклучувајќи 247 со смртен исход, соопштија здравствените власти во земјата.

Податоците покажуваат зголемување во однос на претходниот ден, кога беа регистрирани 933 потврдени случаи и 245 починати.

Во последните 24 часа се потврдени 23 нови случаи на заболувањето и уште два смртни случаи.

Властите продолжуваат со мерките за ограничување на ширењето на вирусот и со следење на контактите во погодените подрачја.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top