Свет

Бугарки-џепџии „оперираат“ на големо во Мадрид

Доброволци ги фотографираат жените-крадци и ги објавуваат нивните лица на Инстаграм, откривајќи добро организирана криминална мрежа

Десетици Бугарки се во центарот на скандал во Мадрид откако граѓанските патроли почнаа да ги снимаат како крадат по улиците и метрото на шпанската престолнина.

Волонтерската организација „Патрола Мадрид“ ги документира нивните „дела“ и ги објавува нивните фотографии и имиња на Инстаграм, откривајќи добро организирана криминална мрежа која предизвикува сериозна штета на имиџот на Бугарија, пишува бугарски „Сега“.

„Ние сме обични граѓани од сите сфери на животот – сопственици на ресторани, сопственици на барови, аматерски туристички водичи, пензионери“, објаснува еден од членовите на патролата.

Иако меѓу приведените има Романки и Босанки, според нив најголемата и најорганизирана група се Бугарките.

Волонтерите ја опишуваат мрежата како „огромно бугарско движење кое е многу, многу добро организирано“.

Според нив, тоа е пирамидална структура, чиј врв е поврзан со други видови криминални организации вклучени во трговија со автомобили, дрога и перење пари.

„Идентификувавме повеќе од 150 жени тука кои се од истата банда“, тврди друг член на патролата.

„Не знам дали можам да го кажам ова, но тие се ромски семејства од Бугарија. За мене, тие се од Бугарија. Има и Роми во Шпанија, и тие се Шпанци“.

За време на своето двегодишно работење, патролата изгради јасен профил на сторителите.

„Мнозинството се на возраст од 25, 30, максимум 40 години. Тие обично се многу сериозни. Никогаш не се насмевнуваат. Најмалку две жени одат заедно и дури не разговараат една со друга“, објаснуваат тие. Тие се препознаваат и по нивниот специфичен начин на облекување и носење очила за сонце.

Нивните жртви се главно постари лица и туристи од Источна Азија кои носат повеќе готовина. „Тие обично одат на многу преполни места. На пример, бугарските џепчии се возат со автобуси во шпицот“, вели член на патролата. Нивниот класичен метод е да ја покријат раката со парче облека додека вадат паричници од торби или џебови.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

To top