Свет

Четворицата астронаути во капсулата „Орион“ слетаа во Тихиот Океан (ВИДЕО)

Претседателот Трамп, истакна дека „следниот чекор“ по успехот на мисијата „Артемис II“ на НАСА по прелетот покрај Месечината е – Марс

 

Првото патување на луѓето кон Месечината од 1972 година, заврши успешно откако четворицата астронаути од мисијата „Артемис 2“ ноќеска се вратија на Земјата, спуштајќи се во Тихиот Океан покрај брегот на Сан Диего, Калифорнија, по речиси десет дена во вселената.

Сервисниот модул се одвои од капсулата „Орион“ што го носеше четиричлениот екипаж.

Капсулата падна во Земјината атмосфера со брзина 32 пати поголема од брзината на звукот, при што атмосферското триење го удираше топлинскиот штит на температури од околу 2.760 Целзиусови степени.

Спуштањето во водата беше со брзина од 25 километри на час.

Кусо време потоа, бродот „Џон П. Муртаг“ ги прими астронаутите Кристина Кох, Рид Вајзмен и Џереми Хансен и Канаѓанецот Виктор Гловер .

Деветдневната мисија постави рекорд за најголемо растојание поминато од човек од Земјата – 406.771 километри а за време на патувањето до месечината и назад помина 1.117.515 километри

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, истакна дека „следниот чекор“ по успехот на мисијата „Артемис II“ на Националната администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) за прелет покрај Месечината е Марс.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top