Свет

Данска не се откажува од суверенитетот над Гренланд

„ Можеме да преговараме за сè за Гренланд, но не можеме да преговараме за нашиот суверенитет“, рече премиерката на Данска

 

Данска сака да продолжи со „конструктивниот дијалог со своите сојузници“ за безбедноста на Гренланд и Арктикот, но со почитување на нејзиниот „територијален интегритет“, изјави премиерката Мете Фредериксен како одговор на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Можеме да преговараме за сите политички аспекти: безбедност, инвестиции, економија. Но, едно е, не можеме да преговараме за нашиот суверенитет“, рече премиерката во соопштението.
Текстот продолжува под рекламата.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави доцна во средата дека прашањето дали Гренланд ќе остане под Данска не било дискутирано на состанокот со Доналд Трамп, откако американскиот претседател ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на воена сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Данската премиерка нагласи дека „одржува близок дијалог со НАТО“ и додаде дека редовно разговарала со Руте, „особено пред и по неговата средба со претседателот Трамп во Давос“.

„Кралството Данска сака да продолжи конструктивен дијалог со своите сојузници за начините за зајакнување на безбедноста на Арктикот, вклучително и на американската Златна купола, под услов тоа да се направи со почитување на нашиот територијален интегритет“, повтори таа.

Најнови вести од: Свет

Иранците тврдат дека со испукана ракета со боева глава, тешка еден тон, го погодиле аеродромот во Тел Авив?!

Иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда тврди дека, наводно, утрово лансирал балистички ракети со експлозивни боеви глави од еден тон на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив. Според нивните армиски извештаи, ракетите употребени во нападот носеле боеви глави од еден тон, а се наведува дека овој тип ракета може да носи повеќе боеви глави.

Нетанјаху бара одговор од Белата куќа: Дали САД тајно комуницира со Иран за прекин на огнот пред да ги постигне Израел сите воени цели?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара појаснување од Белата куќа откако дозна дека службеници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп можеби воспоставиле канал за комуникација со иранскиот режим, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на два неименувани извори.

To top