Свет

Џамбаски и на словенечката пратеничка со македонско потекло ѝ најде „бугарски корени“

Бидејќи Ирена Јовева им се обрати на своите бугарски колеги во Европскиот парламент на македонски јазик кога се гласаше за извештајот за напредокот на земјата

Бугарскиот политичар и поранешен европратеник Ангел Џамбаски, со безобразна критика кон  словенечката европратеничка Ирена Јовева за нејзиниот говор во одбрана на Македонија пред гласањето во Европскиот парламент минатата недела.

Бидејќи Јовева, која е од македонско потекло, им се обрати на своите бугарски колеги во Европскиот парламент на македонски јазик кога се гласаше за извештајот за напредокот на земјата, Џамбаски ја нападна нарекувајќи со погрдни зборови.

Тој тврди дека Јовева е од бугарско потекло.

„Еден од најзлобните, најбесните бугаромразци во Европскиот парламент е оваа дама. Нејзиниот татко е Бугарин од Босилеград, за кого вели дека е „Бугарин роден во Србија“, а нејзината мајка е „Македонка“ родена во Скопјe. Јовева постојано изразува вистинска омраза кон Бугарија и Бугарите, го негира постоењето на македонските Бугари, ја негира бугарската историја и наследство во денешна РС Македонија. За ова однесување, поговорки колку сакате, но едно нешто не смееме да заборавиме.

Токму ова е резултат на бруталната асимилација и геноцид врз Бугарите во окупираните западни бугарски периферии и во Македонија од страна на српско-комунистичките сатрапи и предавничката политика на бугарските влади од 9 септември 1944 година до денес. Без исклучоци и без извинувања“, напиша Џамбаски на Фејсбук.

 

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top