Свет

ЕУ за конфликот во Венецуела: Мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

ЕУ откри што и е приоритет во Венецуела

Со изјавата на европската претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас не е јасно дали ЕУ ги осуди САД за кршење на принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН со нападот врз Венецуела.

Од изјавата сигурно може да се заклучи само дека Вашингтон нема поддршка од Брисел за нападот врз Венецуела и апсењето на Мадуро.
Во изјава за јавноста Калас објави дека
разговарала со државниот секретар на САД Марко Рубио и со амбасадорит на унијата во Каракас.

Таа посочува дека ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Венецуела но не дава оценка за судирот.

,,ЕУ постојано изјавува дека на г-дин Мадуро му недостасува легитимитет и се залага за мирна транзиција. Под сите околности, мора да се почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН. Апелираме на воздржаност.

Безбедноста на граѓаните на ЕУ во земјата е наш врвен приоритет”, објави Калас.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top