Свет

Фон дер Лајен: Унгарија да дозволи Парада на гордоста

Шефицата н ЕК ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за одржување на „Парада на гордоста“ во Будимпешта, најавена за сабота, и да се откажат од евентуалните санкции против учесниците. „Парада на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Урсула фон […]

Шефицата н ЕК ги повика унгарските власти да ја преиспитаат забраната за одржување на „Парада на гордоста“ во Будимпешта, најавена за сабота, и да се откажат од евентуалните санкции против учесниците.

„Парада на гордоста“ во унгарската престолнина мора „да се одржи без страв од кривично или административно гонење на организаторите или учесниците“, напиша Урсула фон дер Лајен на X.

„Им велам на ЛГБТИК+ заедницата во Унгарија и на други места дека секогаш ќе бидам ваш сојузник“, додаде таа.

Ги повикувам унгарските власти да дозволат Будимпештаската парада на гордоста да продолжи.

Без страв од какви било кривични или административни санкции против организаторите или учесниците.

Во Будимпешта, од една страна, полицијата ја забрани парадата на гордоста.
Но, градоначалникот Гергели Карачони, противник на десничарскиот премиер Виктор Орбан, одлучи да го одржи собирот.

Министерот за правда, Бенс Тусон, испрати писмо до амбасадорите на другите земји од ЕУ во кое наведува дека ниту тие ниту нивните колеги не треба да учествуваат во поворката.

„Правната ситуација е јасна, Парадата е забранет собир“, порача тој.

И покрај забраната, бројни европратеници објавија дека имаат намера да дојдат во Будимпешта и да учествуваат на парадата во сабота.

Организаторите на парадата предвидуваат рекорден број учесници, и покрај тоа што го велат Орбан и членовите на неговата влада.

Премиерот им советуваше на организаторите „да не се мачат да ја подготвуваат поворката оваа година“.

„Тоа е губење пари и време“, рече тој пред гласањето за законските измени насочени кон забрана на Парадата на годоста во име на „заштита на децата“.

Забраната беше официјално објавена на 19 јуни, но либералниот градоначалник на Будимпешта вети дека митингот ќе се одржи, тврдејќи дека станува збор за локален настан за кој не е потребна дозвола од владата.

Властите побараа парадата да се одржи на затворена локација, како што е стадион или хиподром, подалеку од погледот на малолетници.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top