Свет

Ги изрешетала Богородица и Исус – вежбала гаѓање со пиштол?

Јавното обвинителство во Цирих бара парична казна за Санија Амети, која минатата година стрелаше во слика на Богородица како го држи Исус во раце

 

 

Обвинителството бара казни од 10.000 и 2.500 франци, за швајцарската политичарка од босанско потекло како и 1.500 франци за судски трошоци или вкупно околу 15.000 евра.

Во обвинението се наведува дека политичарката, по потекло од Босна и Херцеговина, „јавно и на навредлив начин ги навредувала или исмејувала верувањата на другите, особено верата во Бога“.

Во септември минатата година, Амети (33) објави фотографија на Инстаграм на која фотографира слика на Богородица со бебето Исус во раце во подрумот на нејзината куќа.

Фотографијата, која прикажува крупен план од изрешетаната слика, покажува околу дваесет дупки од куршуми.

Амети брзо ги избриша фотографиите од социјалните мрежи и побара прошка. Текстот продолжува под рекламата

Нејзиното објаснување на Инстаграм беше: „За гаѓањето од 10 метри, ми требаа мотиви што беа доволно видливи… Не обрнав внимание на содржината на сликите. Тоа не беше во ред. Искрено ми е жал ако повредив некого со тоа!“

„Тоа беше апсолутно глупаво од мене. Не размислував за тоа. Неверојатно ми е жал. Барам прошка од луѓето што ги повредив со тоа“, рече таа во тоа време во интервју за Блик.

Швајцарските медиуми објавија дека Амети е родена во денешна Босна и Херцеговина и дека дошла во Швајцарија со своите родители како бегалец во 1995 година.

Некои ги спомнуваат нејзините врски со Косово. Таа се изјаснува како муслиманка, објави Индекс.хр

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top