Свет

Гордоста на руската роботика падна на глава за време на премиерата(ВИДЕО)

Првиот руски хуманоиден робот „АИдол“ се урна на сцената само неколку секунди по неговата премиера на технолошки настан во Москва.

Првиот руски хуманоиден робот „АИдол“ се сруши на сцената неколку секунди по неговото деби на технолошкиот настан во Москва.
Видеоснимките го покажуваат роботот како се сопнува додека на сцената одекнува музиката од филмот „Роки“, за време на промоцијата на растечкиот руски роботски сектор.

Роботот ја крена раката за да им посвети на присутните, но веднаш ја изгуби рамнотежата и падна, при што дел од неговата конструкција се распадна.Тимот на иноваторите брзо се обиде да го подигне, но набрзо се откажа и го прекри со црна завеса. Завесата се заплетка во механизмите, па роботот неконтролирано се движеше по подот.

„АИдол“ го претстави руското претпријатие „Идол“ на форумот „Коалиција за нови технологии“ во Москва, каде учествуваа компании како „Промобот“, „Дабл Ју Експо“, „Идол“ и „Робот Корпорејшн“. Настанот беше посветен на напредокот на Русија во вештачката интелигенција и антропоморфните роботи, во рамките на глобалната трка за следната генерација хуманоидни машини.

Иноваторите го промовираа роботот како способен за три основни човечки функции: одење, манипулација со објекти и комуникација со луѓе. Наместо тоа, за време на премиерата, „АИдол“ ги истакна слабостите на рускиот роботски сектор.

Државната агенција ТАСС објави снимки од втората изведба, кога роботот беше прицврстен со јаже околу вратот за поддршка, за да остане исправен. Оштетувањата од падот сè уште беа видливи на сцената.
Според медиумите, креаторите привремено го повлекоа роботот од изложбата за да ги проверат системите за рамнотежа.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top