Свет

Изминатиот месец, најтопол во историјата на мерењата во светот

Август се изедначи со јули 2023 година како најтопол календарски месец во историјата на температурните мерења, а воедно е и најтоплиот август некогаш регистриран во светот

 

Минатиот месец се изедначи со јули 2023 година како најтопол календарски месец во историјата на температурните мерења, а воедно е и најтоплиот август некогаш регистриран во светот, соопштија научниците од Службата за климатски промени „Коперник“ на Европската Унија.

Во августг лобалните температури за 1,65 степени Целзиусови над прединдустриското ниво, соопштија научниците.

Западна Европа го доживеа своето најтопло лето во историјата на мерењата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2003 година, соопшти „Коперник“.

Топлотните бранови во август ја продолжија низата на екстремни горештини кои почнаа во мај, услови на тешка суша ги погодија Обединетото Кралство, Франција, Унгарија, Романија и Србија, а големите реки, од Рајна и Дунав до Дњепар, се соочија со исклучително низок водостој, соопштија научниците од „Коперник“.

Глобално, месецот беше за 1,65 степени Целзиусови над проценетиот просек за периодот 1850 – 1900 година, време пред луѓето да почнат масовно да согоруваат фосилни горива – ослободувајќи стакленички гасови кои ќе продолжат дополнително да ја загреваат планетата сè додека емисиите не се доведат до целосна нула, што е познато како нето нула.

Научниците соопштија дека август означи враќање на температурите над клучниот праг од 1,5 степени Целзиусови повисоко од прединдустриските просеци, што е првпат да се пробие таа бројка од ноември 2025 година.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top