Свет

Мирноград и Гуљајполе во руски раце, објави Кремљ

Претседателот Путин на едно од командните места информиран за „ослободувањето“ на двата града на истокот од Украина

Рускиот претседател Владимир Путин попладнево од прва рака беше информиран за „ослободувањето“ на градовите Гуљајполе во Запорошката област и Мирноград (Димитров) во Донецката област,.

На едно од командните места на Заедничката група на сили, Путин одржа состанок за ситуацијата во зоната на специјални воени операции, соопшти Кремљ.

Врховниот командант го слушна извештајот од началникот на Генералштабот на вооружените сили, Валериј Герасимов. Командантите на Централната и Источната група на сили, како и командантите на единиците, известија за напредокот на борбените мисии, поточно за ослободувањето на градовите Мирноград и Гуљајполе.

„Офанзивата напредува со добро темпо, а притисокот врз украинските единици во сите правци се зголемува. Офанзивата во Донбас и во Запорожје се одвива по целата линија на разделување“, рече Путин.

Мирноград, до преименувањето во 2016 година познат како Димитров, до почетокот на војната во Украина имаше 49 илјади жители, а Гуљајполе околу 13 илјади.

 

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top