Свет

Момци се гушкале и бакнувале – добија по 80 удари со стап (ВИДЕО)

Шеријатскиот суд во Индонезија ги прогласи за виновни за кршење на исламскиот закон

Момците на возраст од 20 и 21 година  беа меѓу групата луѓе кои беа јавно тепани вчера откако шеријатскиот суд ги прогласи за виновни за кршење на исламскиот закон со прегратки и бакнување, што судот го протолкува како дела што можат да доведат до забранет сексуален однос, објави Си-Би-Ес

Пред публика од околу 100 луѓе, тепањето се случи на сцена во градскиот парк во провинцијата Банда Ачех.

Законите на Ачех дозволуваат до 100 стапови за „морални прекршоци“, вклучувајќи хомосексуални односи и секс меѓу невенчани парови.

Строги казни се предвидени и за коцкање, пиење алкохол, жени кои носат тесна облека и мажи кои не присуствуваат на петочните молитви во џамија.

Суд ги осуди на по 80 удари со стап откако религиозната полиција ги фати во она што судот го протолкува како сексуален чин на прегратки и бакнување во тоалет во градски парк.

Вчера, уште осум лица беа јавно тепани за прељуба и коцкање.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top