Свет

НАСА ќе гради база на Месечината

Со предвидени 20 милијарди долари , ќе се изгради одржлива инфраструктура што ќе им овозможи на луѓето да живеат и работат на Месечината на долг рок

НАСА објави дека има  намера да спроведе проект за изградба на постојана база на Месечината – за таа цел агенцијата ќе потроши 20 милијарди долари во следните 7 години.

Новиот администратор на НАСА, Џаред Исакман (кој ја презеде функцијата на крајот од 2025 година), презентираше радикално нов план за програмата Артемис.

НАСА ефикасно става крај на проектот Gateway, односно на плановите за изградба на голема станица во орбитата околу Месечината. Наместо тоа, ресурсите и компонентите наменети за неа ќе бидат пренасочени директно кон површината.

Со 20-те милијарди долари за кои станува збор, ќе се изгради одржлива инфраструктура што ќе им овозможи на луѓето да живеат и работат на Месечината на долг рок, јавиија медиуми..

Мора да се изградат основни модули за астронаути и мобилни системи (ровери). Покрај тешките станбени модули, мора да се испорачаат системи за извлекување ресурси на лице место (вода и кислород).

Проектот е директен одговор на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп од декември 2025 година за враќање на американските астронаути на површината до 2028 година и воспоставување функционална база до 2030 година.

НАСА претходно планираше Gateway да служи како попатна станица, но критичарите го сметаа тоа за непотребно одложување. Новата стратегија „директно на површината“ има за цел да го забрза американското присуство како одговор на напредокот на лунарната програма на Кина.

За само неколку дена, во април 2026 година, се очекува да биде лансирана мисијата „Артемис 2“, со која ќе бидат испратени четири астронаути во орбитата околу Месечината – првиот лет со екипаж таму по повеќе од 50 години.

Една година подоцна, луѓето повторно треба да слетаат на Месечината….

Најнови вести од: Свет

Трамп негира дека САД останале без “одредени видови’ муниција

Неговата изјава дојде неколку часа по извештајот на „Вашингтон пост“ дека има тензии во Белата куќа и Пентагон поради намалените залихи на некои високопрецизни ракети и антиракетни пресретнувачи по долготрајната воена кампања против Иран

81 година по првата атомска бомба, но не и последна

Само два дена подоцна, втората нуклеарна бомба го нападна Нагасаки на 8 август 1945 година. Во двете експлозии загинаа околу 120.000 луѓе, а сличен број починаа подоцна од повреди од изгореници и радијација, а зад себе оставија 650.000 преживеани

Ако буџетот е во минус – нема плата за функционерите

Мерките се однесуваат и на највисоките нивоа на власт, вклучувајќи го самиот претседател, потпретседателот, министрите, замениците итн. – сите тие нема да примаат плати сè додека не се елиминира буџетскиот дефицит

To top