Свет

НАТО отвори командно седиште,на 250 километри од Русија

НАТО отвори ново копнено командно седиште, oбјектот е реализиран во соработка со финската армија.

НАТО отвори ново копнено командно седиште во финскиот град Микели, сместен на околу 250 километри од рускиот Санкт Петербург. Објектот е реализиран во соработка со финската армија.

Станува збор за Мултикорпусно копнено командно седиште (MCLCC), чија улога е надзор и координација на копнените сили на Алијансата и националните армии во северниот регион. „Тоа вклучува планирање, подготовка и изведување заеднички вежби на НАТО“, соопшти финската војска.

Новото седиште има значајна стратешка улога во зајакнувањето на одбранбениот капацитет на НАТО на источниот фронт. Отворањето доаѓа во време на зголемена загриженост за можен конфликт со Русија.

Во првата фаза таму ќе бидат распоредени десет припадници на персоналот. Во наредните години бројката ќе достигне околу 50, меѓу кои ќе има и фински војници и претставници од други земји членки. Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен ја одобри иницијативата уште во август.

Ова командно седиште е едно од најблиските до руската граница. Заедно со него, во таа категорија се вбројуваат и мултинационалните центри во Адажи (Летонија), Елблонг (Полска) и Шчеќин (Полска).

Финска, која децении одржуваше неутралност, се приклучи на НАТО во 2023 година како реакција на руската инвазија врз Украина. Година подоцна членка стана и Шведска.

Финската армија проценува дека Москва ќе го засили военото присуство долж заедничката граница од 1.340 километри веднаш по завршувањето на војната во Украина.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top