Свет

Обама: Вонземјани има, ама не сум ги видел (ВИДЕО)

Откако ја презел функцијата побарал информации за вонземјаните и наводните тајни лаборатории каде што се изучуваат, но добил добил негативен одговор

Поранешниот американски претседател Барак Обама повторно ја разгоре дебатата за една од најголемите мистерии во светот.

Во подкастот на Брајан Тајлер Коен, Обама се пошегува кога беше прашан дали вонземјаните постојат, одговарајќи да, но истакнувајќи дека никогаш не ги видел. Тој, исто така, ги негираше популарните теории на заговор дека вонземјаните се чуваат во таен подземен објект во озлогласената Област 51, објави Фокс њуз.

„Постојат, но јас не сум ги видел“, рече Обама. Тој додаде дека нема тајни објекти во воздухопловната база во Невада, позната како Област 51.

„Нема подземен комплекс, освен ако не постои некаков огромен заговор и тие го криеле од претседателот на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој со хумористичен тон.

Ова не е прв пат Обама да зборува за можноста за вонземски живот. За време на гостувањето во 2021 година во „The Late Late Show with James Corden“, тој откри дека откако ја презеде функцијата побарал информации за вонземјаните и наводните тајни лаборатории каде што се изучуваат.

Тој рече дека добил негативен одговор.

Најнови вести од: Свет

Како Кина се подготвува за ризикот вештачката интелигенција да избега од човечка контрола?!

Нов технолошки судир меѓу Кина и САД: Во фокусот контролата врз вештачката интелигенција. Но до каде оди човештвото, што се може да се поремети?! Предупредувањата од Антропик“ истражувачите во водечкиот американски развивач на вештачка интелигенција, дека сè помоќните модели би можеле да избегаат од човечка контрола, па дури и да доведат до истребување на човечката раса, го привлекоа вниманието во Кина каде креаторите на политики се подготвуваат за некои од истите ризици, објави „Ројтерс“.

To top