Свет

Огромна излезност на изборите во Унгарија

Важно е да се гласа масовно

Унгарската државна изборна комисија информираше дека излезноста на парламентарните избори достигнала 54.14 проценти во 13 часот. Ова претставува масовен одѕив на граѓаните, при што и двете најголеми политички страни оценуваат дека излезноста им оди во полза.

Коментаторите блиски до владејачката партија Фидес велат дека ентузијазмот кај опозицијата веќе бил висок, но дека вакво ниво на излезност значи дека и про-владините гласачи сериозно ја сфатиле опасноста по владата на Орбан и излегуваат во рекордно ниво.

– Многу граѓани гласаат. Тоа може да значи само едно – ако сакаме да ја штитам безбедноста на Унгарија, ниту еден патриот не смее да остане дома! Само Фидес!, порача премиерот Орбан преку социјалните мрежи.

„Ни се случува повторување на изборите од 2018 година. И тогаш имаше рекордна излезност и сите аналитичари велеа дека тоа ќе му наштети на Фидес, а сепак изборите доведоа до огромна победа на Фидес, токму поради излезноста. Прашањето во моментов е кои се овие вишок гласачи“, смета Борис Калноку, заменик уредник на десничарскиот сајт Мандинер кој го поддржува Орбан.

Во последните денови на изборите, Орбан ги повика своите поддржувачи да работат токму на кревањето на излезноста, со директни контакти со своите соседи и пријатели и да се обидат да обезбедат Фидес да има над три милиони гласови.

Од друга страна, коментаторите блиски до партијата Тиса и опозицискиот кандидат Петар Маѓар сметаат дека огромната излезност дефинитивно е знак дека унгарското општество сака промена.

– Излезноста достигна 54.14 проценти во 13 часот. На изборите во 2022 година, во 13 часот имаше само 40 проценти излезност. Гласачите може да решат да стават крај на 16 – годишното владеење на Виктор Орбан. Масовната излезност и анкетите од независните агенции укажуваат на голема победа за опозицијата, вели новинарот и активист Саболц Пањи, кој е близок до партијата Тиса.

Според коментаторите блиски до Тиса, големата излезност може да смени една проценка – дека во идниот Парламент на пропорционалната листа место ќе освојат три партии – Фидес, Тиса и десничарската партија Ми Хазанк на Ласло Тороцкај.

Анкетите досега прогнозираа дека Фидес и Тиса ќе го поделат најголемиот број мандати, но дека Ми Хазанк ќе освои до 10 пратеници, со што може да биде и решавачки глас во пост-изборните коалицирања. Но, со неочекувано масовната излезност, можно е Ми Хазанк да падне под 5 проценти од гласовите, со што би ги загубила очекуваните места во Парламентот.

Другите помали партии, според анкетите, не ни очекуваа да освојат пратеници, па така можно е во идниот Парламент преку пропорционалната листа да влезат само кандидатите на Фидес и Тиса. 

 

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

Кинески функционер осуден на смрт, поради корупција од 1993 до 2023 година кога „заработил“ 324 милиони долари

Поранешниот висок локален функционер во кинескиот град Нанџинг Јанг Јулин денеска е осуден на смрт поради корупција, злоупотреба на службена должност, перење пари и други кривични дела.

Најнови вести

To top