Свет

Потона уште еден брод погоден од дрон (ВИДЕО)

На бродот имало 13 лица – 10 украински и 3 азербејџански државјани, деветмина се спасени, едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати

Трговски брод повторно беше погоден од дрон во Црното Море – овој пат во близина на Констанца. Бродот потона, објавија медиуми

Утрово, околу 10:00 часот, до романскиот Поморски координативен центар стигна повик за помош од бродот „Хорив“, кој се наоѓаше надвор од територијалните води на Романија.

Во тек е голема спасувачка операција. Бродот се наоѓа на 13 наутички милји од Констанца. На лице место се испратени пловила од романската Агенција за спасување човечки животи на море (ARSVOM) и од Министерството за внатрешни работи (MAI).

На бродот имало 13 лица – 10 украински и 3 азербејџански државјани. Девет лица се спасени, едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати.

Во операцијата за пребарување и спасување, чија цел е пронаоѓање на членовите на екипажот на „Хорив“, се вклучени четири пловила.

Бродот испловил од турско пристаниште и се движел кон романскиот град Сулина.

Најнови вести од: Свет

To top