Свет

Пранк со принцот Пахлави: Можниот лидер на Иран зборува со ,,внук на Хитлер” за да се види со канцеларот Мерц (ВИДЕО)

Жртви на Вован и Лексус биле многу светски политичари, меѓу нив и Зоран Заев

Во својата најнова измама или шега популарно наречена ,,Пранк”, руските шегаџии Вован и Лексус, претставувајќи се како претставници на германскиот канцелар Фридрих Мерц, успеале да го убедат потенцијалниот иден лидер на Иран Реза Пахлави да учествува во видео разговор.

И покрај јасните предупредувачки знаци, како што се силниот руски акцент и лажните мустаќи на еден од шегаџиите кој се претставувал како Адолф, Пахлави верувал дека разговорот е вистински.

За време на повикот, лажниот „германски претставник“ му рекол на Пахлави дека Германија ќе им се придружи на САД и Израел во бомбардирањето на Иран; Пахлави го поздравил ова, велејќи дека е важно САД и Израел да не бидат сами во нивната „крстоносна војна“ против Иран.

Откако соработниците на Пахлави откриваат дека се работи за ,,местенка” разговорот завршува а руските пранкстери се смеат.

Предходно жртви на Вован и Лексус биле многу светски политичари, меѓу нив и Зоран Заев.

Видеото од пранкот со Пахлави на линкот

https://x.com/i/status/2029247056796172667

Најнови вести од: Свет

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top