Свет

Растат тензии меѓу САД и Данска околу Гренланд

Безбедноста на Арктикот останува приоритет и е од клучно значење за Европската Унија, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, откако САД назначија специјален пратеник за Гренланд.

Безбедноста на Арктикот останува приоритет и е од клучно значење за Европската Унија, изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, откако САД назначија специјален пратеник за Гренланд.

„Територијалниот интегритет и суверенитет се основни принципи на меѓународното право. Овие принципи се важни не само за Европската Унија, туку и за сите нации во светот“ – објавија двајцата на платформата X.

Фон дер Лајен и Коста додадоа дека Унијата „е во целосна солидарност со Данска и народот на Гренланд“.

Конфликтот ескалира откако претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја актуелизира идејата за анексија на Гренланд, полуавтономен дел од Кралството Данска. Во неделата, Трамп објави дека Џеф Ландри, актуелен републикански гувернер на Луизијана, ќе стане специјален амбасадор за Гренланд.Гувернерот Ландри веднаш реагираше на X со порака: „Ми е чест да служам како волонтер за да го направи Гренланд дел од Соединетите Американски Држави“.

Потегот предизвика остра реакција во Копенхаген. Данска најави дека ќе го повика американскиот амбасадор за „објаснување“, додека премиерот на Гренланд, Муте Егеде, истакна дека островот „мора сам да одлучи за својата иднина“ и дека неговиот „територијален интегритет“ мора да се почитува.

Ова е втор обид на Трамп да ја подигне темата за Гренланд, откако во 2019 година првпат предложи купување на островот, што тогаш предизвика големо дипломатско незадоволство во Европа.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top