Свет

Речиси 6.000 згради во Киев без греење на -12 по ноќниот воздушен напад од Русија

Најмалку 19 повредени во масивен руски удар ноќеска и во Харков

Речиси 6.000 згради во Киев останаа без греење по рускиот напад во текот на ноќта, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Температурата во Киев утрово беше минус 12 степени Целзиусови, објави Ројтерс.

Во меѓувреме, стотици илјади луѓе останаа без електрична енергија во регионот Чернихив во северна Украина по рускиот напад во текот на ноќта, соопшти утрово регионалната енергетска компанија.

Се наведува дека голем енергетски објект е оштетен во близина на градот Нижин.

Најмалку 19 лица, вклучувајќи бремена жена и дете, беа повредени во ноќните руски воздушни напади врз Харков во североисточна Украина, изјави градоначалникот Игор Терехов.

Тој рече дека нападите погодиле станбени згради, куќи, студентски дом во кој се сместени раселени лица, болница и породилно одделение, објави УНИАН.

Руските сили претходно го нападнаа Харков на 17 јануари, предизвикувајќи значителна штета на критичната инфраструктура во индустриска област, а една жена беше убиена во напад на 18 јануари.

Најнови вести од: Свет

Расте цената на енергијата, компаниите го губат оптимизмот – Нов економски притисок врз Европа

Економијата на еврозоната продолжува да расте, но со забавено темпо, додека повисоките трошоци за енергија и финансирање создаваат дополнителен притисок врз компаниите и потрошувачката. 

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

To top