Свет

Рускиот јазик воведен како задолжителен од четврто одделение во Северна Кореја

Околу 600 севернокорејски студенти во моментов учат руски

Севернокорејските власти одлучија часовите по руски јазик да бидат задолжителни во училиштата од четврто одделение, изјави рускиот министер за природни ресурси Александар Козлов.

„Знам дека рускиот јазик е воведен во училиштата во Северна Кореја како задолжителен од четврто одделение“, изјави тој на состанокот на Меѓувладината комисија на Русија и Северна Кореја за трговска, економска, научна и техничка соработка.

Козлов, кој претседава со Комисијата, истакна дека до оваа година околу 3.000 студенти во Русија го изучуваат корејскиот како втор или трет странски јазик.

Тој рече дека, според најновите проценки, околу 300 руски студенти го изучуваат корејскиот јазик на универзитетите, што е половина од бројот на Севернокорејци кои го изучуваат рускиот јазик.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top