Свет

Руте: Нема потреба од паника поради руската опасна реторика

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин мора да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека успехот на годишните нуклеарни вежби на Алијансата, одржани на почетокот на овој месец, влева апсолутна доверба во кредибилитетот на нуклеарното одвраќање на сојузот и покрај руските закани.

– Кога Русија користи опасна и непромислена нуклеарна реторика, нашето население мора да знае дека нема потреба од паника, бидејќи НАТО располага со силно нуклеарно одвраќање – изјави Руте.

Тој нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин мора да знае дека нуклеарна војна никогаш не може да се добие и никогаш не смее да се води.

Путин минатиот месец изјави дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје доколку биде погодена со конвенционални ракети.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top