Службите за итна помош ја потврдија смртта на 13 мажи и четири жени на самото место, пренесува Ројтерс. Уште 15 лица со прострелни рани биле пренесени во болница. Мотивот за нападот засега е непознат, соопшти полицијата на платформата „Икс“ (X).
Нападот се случи во саботата, околу 21:30 часот по локално време.
Според полицискиот извештај, напаѓачите најпрвин отвориле оган врз гостите пред објектот, по што влегле внатре и продолжиле да пукаат.
Во извештајот се додава дека осомничените наводно биле вооружени со автоматски пушки „АК-47“ и пиштоли.
Досега никој не е уапсен