Свет

Секој втор Украинец против предавање на Донбас на Русија, но 40 отсто се „за“

Остра поделеност меѓу учесниците во анкетата на Меѓународниот институт за социологија од Киев

Малку над половина од Украинците, односно 52 проценти, се против предавањето на Донбас на Русија во замена за безбедносни гаранции, а 40 отсто се „за“, покажува анкетата на Меѓународниот институт за социологија од Киев.

Според истражувањето на јавното мислење, 52 проценти од испитаниците лично сметаат дека предавањето на целиот Донбас на руска контрола во замена за безбедносни гаранции е категорично неприфатливо. Во исто време, 40 проценти се подготвени да направат таква отстапка, иако повеќето од нив признаваат дека ова е тежок услов. Останатите не можеле да се одлучат.

Русија контролира над 90 проценти од Донбас, регион на границата меѓу двете земји што ги опфаќа Донецката и Луганската област од 53.201 км/2, со околу 6,6 милиони жители според пописот во 2010 година.

Најнови вести од: Свет

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top