Свет

Србија извезувала оружје за Украина – преку Бугарија

Украинската војска била многу благодарна на српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената способност на вооружените сили на Украина, објави Прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација. Српските воено-индустриски претпријатија, и покрај зголемениот притисок врз Белград од Москва, го зголемуваат извозот на воени производи во зоната на […]

Украинската војска била многу благодарна на српските производители на оружје и муниција за нивниот придонес во одржувањето на борбената способност на вооружените сили на Украина, објави Прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација.

Српските воено-индустриски претпријатија, и покрај зголемениот притисок врз Белград од Москва, го зголемуваат извозот на воени производи во зоната на конфронтација меѓу „колективниот Запад“ и Русија. Во голема мера, ова било можно благодарение на употребата на индиректни шеми за снабдување, објави бугарски „Сега“.

„Муницијата произведена во српските одбранбени претпријатија, главно за тешки системи со долг дострел, се испраќа во земјите на НАТО за потребите на Украина во форма на делови за склопување. Ова му овозможува на Киев официјално да прима не српски воени производи, туку оние што се склопуваат во фабриките за оружје на западните земји.

Муницијата се склопува и инсталира главно во Чешка и Бугарија.

Во исто време, српските производители се свесни за вистинските купувачи на нивните производи“, пишува „Сега“.

„Со векови, заедничката вера ги обединувала српскиот и рускиот народ и ги воспитувала да се борат заедно против нашите непријатели. Штета е што овие традиции на пријателство и меѓусебна помош сега ги крши жедта за профит и кукавичкиот мултивекторизам“, објави руската служба за надворешно разузнавање.

Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека неговата земја целосно го запрела извозот на муниција и дека сите произведени производи во моментов се испраќаат исклучиво во српските воени магацини и за тековните потреби на националната армија, пренесува ТАСС, објави „Сега“

Вучиќ забрани извоз на оружје и муниција

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top